Во третиот натпревар од Европската лига, Еурофарм Пелистер го забележа вториот пораз, овој пат беа очекувано поразени од силниот тим на Рајн Некар Левен кој во моментов е лидер во Бундеслигата.
Натпреварот почна рамноправно, се играше гол за гол до 4-4, потоа Рајн Некар направи серија од 3-0, се одлепи и ја сочува таа предност до крајот на првото полувреме, на пауза се замина со водство на Германците од 14-11.
Во вториот дел Рајн Некар ја зголемуваше предноста, највисокото водство им беше девет разлика, кое го имаа на двапати во финишот, на крајот победија со 28-20.
Матео Мараш со пет гола беше најдобар кај Пелистер, Периќ погоди четири пати. Во составот на Рајн Некар, Фајгел даде седум гола, Генсхајмер шест.
Во следното коло Еурофарм Пелистер повторно гостува, овој пат кај Тримо Требње.