СЕХА лига

Прв пораз на Еурофарм Работник во СЕХА лигата, Загреб победи со еден гол разлика

Екипата на Еурофарм Работник во четвртото коло го забележа првиот пораз во регионалната СЕХА лига откако со 24:23 загуби на гостувањето кај ППД Загреб.

Еурофарм Работник одлично го почна мечот по 12 минути игра имаа водство од 7:4, но потоа следуваше серија на Загреб од 5:0 по која поведоа со два гола разлика. На полувремето се замина со нерешени 11:11.
 
Загреб подобро го отвори второто полувреме, дојде и до водство од три гола разлика кое го имаше неколку пати во мечот. На 15 минути до крајот битолскиот тим успеа да изедначи, но Загрепчани не дозволија и комплетен пресврт, на крајот славеа со 24:23.
 
Остроушко и Јотиќ со по пет гола беа најефикасни во тимот на Еурофарм Работник. Во тимот на Загреб тројца ракометари реализираа по четири пати, Шипиќ, Мраковчиќ и Хорват.
 
Следниот натпревар во СЕХА лигата Еурофарм Работник го игра во вторник кога му гостува на Мешков Брест.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе