Поради административни проблеми

Промена на планот, ракометарите ќе пристигнат во Скопје во 20:30 часот

Нова промена на летот со кој ракометарите на Вардар треба да се вратат во Македонија, поради административни проблеми, новите шампиони на Европа ќе пристигнат на Меѓународниот аеродром Скопје во 20:30 часот.

Градот Скопје обезбеди чартер лет за ракометарите на Вардар и првичниот план беше новите шампиони на Европа да се вратат во престолнината на Македонија во 18:50 часот.

Сепак, поради административни причини летот од Келн бил на кратко одложен, па сега се очекува „црвено-црните“ херои да слетаат на Меѓународниот аеродром Скопје во 20:30 часот.

„Почитувани, заради административни причини (пасоши, документи и сл) авионот од Келн ќе полета во 18.00 часот. Слетувањето во Скопје е најавено во 20.30 часот“ – напиша градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот профил на Фејсбук.

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе