Гол за паметење

„Проектилот“ на Криштопанс за крај на вечерта и ерупција во „Јане Сандански“ (ВИДЕО)

Даинис Криштопанс имаше гол за паметење против ПИК Сегед, џинот од Летонија во последните секунди испали „проектил" и предизвика ерупција во „Јане Сандански".

Вардар вечерва го „згази“ ПИК Сегед со 31-23 и направи голем исчекор кон Ф4 турнирот во Келн. Со осум погодока, Даинис Криштопанс беше централна фигура на мечот, а за неговиот гол во финишот долго време ќе се раскажува.

За крај на вечерта, џинот од Летонија испали „проектил“ од двет метри со звукот на сирената и предизвика ерупција на трибините. Овој погодок можеби ќе биде и последниот кој овој шампионски состав на Вардар го постигнал во „Јане Сандански“ во вака важен меч од Лигата на шампионите.

 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе