РК Вардар

Проблеми за Вардар, Анте Гаџа нема да игра до крајот на 2022 година

Хрватскиот ракометар на Вардар, Анте Гаџа поради повреда на предните вкрстени лигаменти нема да игра најмалку шест месеци. 

Фото: РК Вардар
Гаџа се повреди кон крајот на минатиот месец при настап за Хрватска во квалификациите за Европското првенство против Словачка. Серијата лекарски прегледи покажаа дека му настрадале предните вкрстени лигаменти.
 
Тој наскоро ќе биде опериран, а потоа следува период на рехабилитација кој трае најмалку шест месеци. Тоа значи дека Гаџа ќе пропушти добар дел од следната сезона.
 
Гаџа во март годинава потпиша нов договор со Вардар по добрите игри дотогаш, но повредата ќе биде сериозен удар за црвено-црните кои нема да можат да сметаат на него за групната фаза во Лигата на шампионите следната сезона.

Легенда под Главна слика

Фото: РК Вардар

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе