Цената на влезниците ќе изнесува 100 денари, а домаќинот на овој натпревар одлучи приходот од собраните средства од продажба на влезниците да го насочи во поддршка на македонскиот ракомет, за опремување со потребни реквизити и топки на неколку самостојни школи за ракомет низ целата држава. Голден Арт, клуб чија политика се движи во насока на развој и давање можност за промоција на млади македонски ракометари, има висока свест за состјбата во која работат голем дел од школите во државата, субјекти кои се исклучително важна алка во системот за развој на ракометот во Македонија и кои се инкубатори на млади ракометари кои треба да бидат иднината на македонскиот ракомет.
Продажбата на влезниците ќе се врши онлјан* (
https://www.kupikartizase.com/ ), во продажните места (
https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations ) на системот за продажба на влезници „Купи Карти За Се“ низ цела Македонија и пред самиот почеток на натпреварот, на билетарницата во склоп на С.Ц „Јане Сандански“, два часа пред самиот старт на истиот. Во продажба ќе биде пуштена ограничена количина на влезници, имајќи предвид дека е дозволено присуство на публика со ограничување на 50% од капацитетот на салата.
*При продажба на онлајн влезница, задолжително е испринтаниот ваучер да се замени со влезница на билетарницата на С.Ц „Јане Сандански“ пред самиот натпревар.
На самиот влез секој посетител покрај билет ќе треба да покаже сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози вакцина против вирусот КОВИД-19 или сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравување за лица над 18-годишна возраст.
Напомена: Без соодветен сертификат/потврда нема да може да се следи натпреварот во СЦ „Јане Сандански, дури и да се поседува влезница за натпреварот.