Сакаат да го задржат стратегот но...

Претседателот на Кјелце: Доколку Урош Зорман реши да оди во Вардар, нема да му стојам на патот!

Првиот човек на Кјелце, Бертус Сервас вели дека сака да го задржи Урош Зорман но додава дека нема да му стои на патот доколку стратегот реши да седне на тренерското столче на Вардар.

Шампионот на Македонија и Европа е во потрага на нов тренер откако Роберто Гарсија Парондо си најде нов ангажман во периодот кога се чинеше дека клубот се распаѓа.

Оваа недела се појавија гласини кои велеа дека Урош Зорман, кој во моментов е асистент на Талант Душебаев во Кјелце, е желба на „црвено-црните“.

Претседателот на Кјелце, Бертус Сервас вели дека сака да го задржи стратегот но во исто време додава дека нема да му стои на патот доколку тој реши да го превзеде кормилото на Вардар.

„Се надевам дека Урош ќе остане. Оваа недела ќе знаеме повеќе. Се молам дека ќе остане со нас. Има договор до 2022 и мислам дека договорите треба да се почитуваат. Сепак, разбирам дека ова би била голема можност за Урош, да стане прв тренер на Вардар и затоа нема да му стојам на патот ако сака да замине“ – вели Сервас.

Првиот човек на клубот од Полска исто така додаде дека нема да го ангажираат ракометарот на Вардар, Сташ Скубе и покрај тоа што со месеци се обидуваа да го донесат во своите редови.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе