Според „24ракомет“, станува збор за 27-годишниот Д.Т., хрватски интернационалец.
Тој утринава бил примен во болница со повеќе скршеници на телото кои се резултат на тепачка или повреди здобиени од удари со тврд предмет.
Полицијата засега нема информација за инцидентот, а од болницата потврдија дека ракометарот е во тешка здравствена состојба и се бори за живот.