Објавена листа со топ 12 трансфери

Преселбата на Карачиќ од Вардар во Кјелце е трансфер на сезоната според ЕХФ (ВИДЕО)

Европската ракометна федерација состави листа од најдобрите 12 трансфери, на врвот е преселбата на Игор Карачиќ од Вардар во редовите на Кјелце.

По седум години престој во Вардар, Игор Карачиќ реши да започне нова авантура. Хрватот од Скопје и Македонија се опрости со нова титула во Лигата на шампионите и МВП признание на Ф4 турнирот во Келн.

Тој кариерата ќе ја продолжи во Кјелце, и неговата преселба во Полска е трансферот број 1 според ЕХФ.

Покрај Игор Карачиќ, во топ 12 листата се најдоа и Рожерио Мораеш, кој од Вардар се сели во Веспрем, како и Вуко Боразан, кој исто така потпиша за унгарскиот првак.

Место има и за поранешниот вардарец Лука Циндриќ, кој заминува од Кјелце и ќе ја засили Барселона.

Најдобрите трансфери за сезоната 2019/20 може да ги видите ТУКА.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе