Лига на шампиони

Познати се термините на Вардар за првите десет кола во Лигата на шампионите

Одредени се термините за првите десет кола на Вардар за новата сезона во Лигата на шампионите. 

ЕХФ во соработка со клубовите и ТВ куќите кои ги имаат правата за пренос на мечевите, ги одредија термините за првите десет кола од групната фаза.
 
За разлика од лани, Лигата на шампионите оваа сезона ќе се игра преку недела, во среда и четврток.
 
Непознаница засега останува само терминот за мечот меѓу Кјелце и Вардар кој ќе се одигра на 25 или 26 ноември.
 
Распоред на првите десет кола на Вардар во ЛШ:
 
1 коло - 16 септември
Мешков Брест - Вардар 1961 18,45 ч.
 
2 коло - 24 септември
Вардар 1961 - Елверум 20,45 ч.
 
3 коло - 1 октомври
ПИК Сегед - Вардар 1961 18,45 ч.
 
4 коло - 15 октомври
Вардар 1961 - Флензбург 20,45 ч.
 
5 коло - 22 октомври
Вардар 1961 - Порто 20,45 ч.
 
6 коло - 29 октомври
ПСЖ - Вардар 1961 20,45 ч.
 
7 коло - 19 ноември
Вардар 1961 - Кјелце 18,45 ч.
 
8 коло - 25/26 ноември
Кјелце - Вардар 1961
 
9 коло - 3 декември
Порто - Вардар 1961 20,45 ч.
 
10 коло - 10 декември
Вардар 1961 - ПСЖ 20,45 ч.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе