ЕХФ одлучи фајнл-фор турнирот од минатата сезона да се игра во средина на оваа сезона, Вардар не доби шанса да го брани трофејот и покрај тоа што се пласира во осминафиналето. Беше одлучено четирите најдобри екипи да се борат за трофејот. Денеска беа извлечени и паровите.
Дејан Манасков со Веспрем ќе игра против Кил, а во другото полуфинале ќе се сретнат Барселона и ПСЖ.
Фајнл-фор турнирот се игра на 28 и 29 декември во Келн.