Супер глоуб

Познат распоредот за Супер глоуб, Вардар веројатно против Кил ќе игра во полуфиналето

Вардар го доби распоредот за неофицијалното светско клупско ракометно првенство, само ако се случи големо изненадување нема да игра против Кил во полуфиналето од Супер глоуб.

Вардар во четвртфиналето ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Њујорк од САД и Ал Мудхар од Саудиска Арабија. Со кој и да игра европскиот шампион ќе биде огромен фаворит и се очекува сигурен пласман во полуфиналето.
 
Кил како клуб кој игра со посебна покана на турнирот, ќе се сретне прво со Сиднеј, а потоа ќе игра со Замалек од Египет. И во двата натпревари Германците се големи фаворити. Ако не се случи сензација во полуфиналето ќе играат Вардар против Кил.
 
Во другите четвртфинални мечеви Барселона игра против Ал Духаил од Катар, а Ал Вехда од Саудиска Арабија се среќава со Таубате од Бразил.
 
Во оваа половина од ждрепката, Барселона не би имала никаков проблем да дојде до финалето каде би го чекала некој од Вардар и Кил.
 
Мечевите се играат од 27 до 31 август.
 
Супер глоуб четвртфинале:
 
Вардар - Њујорк / Ал Мудхар
Кил / Сиднеј - Замалек
Барселона - Ал Духаил
Ал Вехда - Таубате

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе