Во втората фаза Македонија игра прво против Словенија во среда, во петок ќе се сретнеме со Русија, а во недела ќе играме против селекцијата на Белорусија.
Засега пишува дека сите три меча ќе ги играме од 20:30 часот, но не се исклучува можноста тоа да биде променето со оглед на тоа дека во нашата група е и Египет.
Во новата група Македонија е единствената без бодови, Шведска води со четири бода, Русија има три, Египет и Словенија по два, а Белорусија има еден бод.
Првите две места продолжуваат во четвртфиналето.