ЕП 2020

Португалија ја понижи Шведска, Норвешка убедлива против Унгарија

Португалија покажа моќ против селекцијата на Шведска победувајќи ја со неверојатни 35:25, Норвешка немаше проблеми со Унгарија откако славеше со 36:29.

Веќе некое време португалскиот ракомет и клупскиот и репрезентативниот е во подем, но она што го прави Португалија на ова Европско првенство е големо изненадување.

Денеска тие буквално ја понижија селекцијата на Шведска победувајќи ја со десет голови разлика.

Швеѓаните беа во игра во првото полувреме кое го загубија со 15:12, но во вториот дел немаа одговор за играта 7 на 6 која Португалија ја има усовршено. Португалците буквално ги газеа Швеѓаните, имаа предност и од 11 голови разлика, конечниот резултат беше 35:25.

Соуса, Магелаеш и Фераз постигнаа по шест гола во селекцијата на Португалија, Нилсон и Петерсон по четири кај Швеѓаните.

За разлика од Шведска, Норвешка не дозволи изненадување, напротив беше доминатна против Унгарија.

Уште во првиот дел неколку пати имаа предност од десет голови разлика, по што само го контролираа резултатот и дојдоа до триумф од 36:29.

Сагосен со седум гола беше најефикасен, Јоанесен постигна шест погодоци. Лигетвари и Наџ постигнаа по пет кај Унгарија.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе