ЕП 2020

Португалија ја победи Унгарија и ја однесе Словенија во полуфиналето!

Португалија со убедливи 34:26 ја победи Унгарија и овозможи Словенија без борба да се пласира во полуфиналето на Европското првенство. 

Доколку Унгарија ја победеше Португалија, на Словенија ќе и требаше барем бод од дуелот со силната Норвешка за полуфинале, со пораз немаше да одат меѓу најдобрите четири, но Португалците уште еднаш покажаа моќ и им направија услуга на Словенците.
 
Португалија буквално ја разнесе Унгарија, особено беа подобри во второто полувреме, на крајот победија со осум голови разлика, што беше и нивната најголема предност, 34:26.
 
Мореира со седум голови беше најефикасен во составот на Португалија, Банхиди реализираше пет пати за Унгарија.
 
Словенија откако го обезбеди полуфиналето со оваа победа над Португалија, растеретена ќе влезе во дуелот со Норвешка каде со победа може да го освои и првото место во групата.
 
Португалија во моментов е трето место во групата и таму сигурно ќе останат ако Исланд не ја победат Шведска. Ако завршат трети во групата ќе играат за петтото место против Германија, но ќе имаат и загаринтирани олимписки квалификации.
 

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе