Македонецот се враќа во Португалија

Порто го потврди трансферот на Митревски: Не размислував многу кога ја добив понудата, многу сум среќен

Никола Митревски и официјално е нов член на Порто, голманот на репрезентацијата на Македонија вели дека е среќен со својот избор и не размислувал многу кога ја добил понудата.

По една година во Еурофарм Пелистер, Никола Митревски се враќа во Португалија, овој пат за авантура во редовите на Порто.

„Змејовите“ денеска официјално го потврдија трансферот, а Македонецот изрази задоволство од донесената одлука.

„Имав прилика да играм против Порто во ЕХФ Купот и знам што значи овој клуб во португалскиот ракомет. Многу сум среќен со трансферот, кога пристигна понудата, не размислував многу и веднаш ја прифатив“ – вели Никола Митревски, кој се поврзуваше и со преселба во Вардар.

„Верувам дека брзо ќе се адаптирам и дека ќе имаме добра сезона со многу победи и титули. Очекувам да триумфираме во првенството на Португалија и да стигнеме до Ф4 во Лигата на шампиони“.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе