Битолскиот тим имаше очаен старт во нападот, првиот гол го постигнаа во осмата минута. Одбраната беше солидна, но тешко се постигнуваа голови. До средината на првото полувреме Еурофарм Пелистер имаше дадено само два гола, а примено пет. Сепак и покрај таквиот неефикасен почеток на мечот, на полувремето се замина со водство на Кадетен од 16-12.
Во второто полувреме домаќините ја одржуваа предноста, стигнаа и до највисоки шест голови, Еурофарм Пелистер се обидуваше да го направи понеизвесен финишот, но не успеаа, на крајот Кадетен победи со 29:26.
Најефикасен во македонскиот тим беше Периќ со седум голови, Граџан постигна шест.
Ова беше и последниот меч од групната фаза за Еурофарм Пелистер кој го освои четвртото место и во осминафиналето ќе игра против силниот тим на Магдебург.