Сериозно тренерско решение

Поранешниот селектор на Хрватска, Жељко Бабиќ е нов тренер на Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер утринава го потврди хрватскиот стратег Жељко Бабиќ за нов тренер на тимот. 

Еурофарм Пелистер во сооднос со високите амбиции ангажираше познат тренер со големо искуство.
 
„Со огромно задоволство, ве информираме дека нов шеф на стручниот штаб на РК Еурофарм Пелистер ќе биде г-дин Жељко Бабиќ, поранешен селектор на Хрватската ракометна репрезентација и тренер на РК Загреб, РК Мешков Брест и РК Горење Велење.
Г-дин Жељко Бабиќ е роден на 19 мај 1972 година.
Во досегашната своја тренерска кариера, како помошник тренер со репрезентацијата на Хрватска има освоено бронзани медали на Олимписките игри во Лондон 2012 год, Европското првенство во Србија 2012 год и Светското првенство во Шпанија 2013 год.
Како селектор со ракометната репрезентација на Хрватска, на Европското првенство во Полска 2016 година го освои бронзениот медал.
Жељко Бабиќ е докажан ракометен стручњак, кој во нашиот проект влегува со голем ентузијам и желба за постигнување на врвни резултати и се разбира враќање на ракометните титули во најракометниот град - Битола.
Управата на РК Еурофарм Пелистер му посакува едно огромно добредојде, многу заеднички успеси и долготрајна соработка“, стои во соопштението на Еурофарм Пелистер.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе