РФМ одлучи

Поради позитивните случаи во Голден Арт КЛ7, целата А група од ракометната Супер лига ќе мирува 15 дена

Ракометната федерација на Македонија одлучи половина од ракометната Супер лига, поточно групата А во која играше Голден Арт КЛ7 да биде суспендирана во наредните 15 дена. 

Голден Арт КЛ7 денеска пријави дури 16 членови позитивни на коронавирус и информираше дека во следните 15 денови целиот тим оди во изолација.
 
Реагираше и РФМ која одлучи како превентивна мерка против ширење на ковид-19 целата Група А од Супер лигата да мирува во наредните 15 дена.
 
Тоа значи дека покрај Голден Арт КЛ7, во тој период натпревари нема да имаат и Јуниор, Пролет, Астраион, Радовиш, Охрид и Струга.
 
По завршувањето на тие 15 дена, РФМ повторно ќе ги тестира учесниците во А Групата и ако резултатите бидат во ред натпреварите ќе продолжат.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе