Уште една легенда на Манчестер јунајтед ќе се обиде како тренер

Пол Сколс почна тренерска кариера

Уште една легенда на Манчестер јунајтед започнува тренерска кариера, Пол Сколс кој работеше како фудбалски аналитичар, сега ќе има можност и самиот да се проба во водењето на еден тим.

Полс Сколс е нов тренер на тимот од Лига 2, Олдам Атлетик откако денеска стави потпис на 18 месечен договор.
 
Досегашниот тренер на Олдам, Мик Прист ќе му биде асистент на Сколс.
 
„Пол освоил се што може да се освои во фудбалот“, вели сопственикот на Олдам, Абдалах Лемсагам на денешната промоција.
 
„Тој е човек кој ќе донесе големо фудбалско знаење и глад за успех. Не е тајна колку тој ја сакаше оваа работа и колку го сака овој клуб, среќен сум што станува дел од Олдам фамилијата“.
 
„Пол ќе има 100 проценти поддршка од мене и се надевам дека со заедничка работа на клубот повторно ќе му донесеме успех“.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе