СП 2019

Почнува Светското првенство во ракомет

Денеска стартува 26. Светско првенство во ракомет, за прв пат со две земји домаќин, Германија и Данска, меѓу 24. земји учесници е и селекцијата на Македонија која утре ги почнува натпреварите. 

Франција го брани светскиот ракометен трон, уште 23 земји ќе се обидат да остават впечаток и да ги остварат своите цели.
 
Светското првенство го отвара домаќинот Германија во меч против Кореја кој се игра од 18:15 часот. Денеска се игра и мечот меѓу Данска и Чиле, тој почнува од 20:15 часот.
 
Македонската репрезентација во подмладен изглед, утре ја почнува борбата на Мундијалот, прв противник ни е Јапонија (15:30 часот), а во нашата група која се игра во Минхен се уште и Шпанија, Хрватска, Исланд и Бахреин.
 
Изглед на групите:
 
А-група (Берлин): Германија, Франција, Русија, Србија, Бразил, Кореја.
Б-група (Минхен): Хрватска, Шпанија, Исланд, Македонија, Бахреин и Јапонија.
Ц-група (Копенхаген и Хернинг): Австрија, Данска, Норвешка, Тунис, Саудиска Арабија и Чиле.
Д-група (Kопенхаген): Унгарија, Шведска, Египет, Аргентина, Ангола и Катар.
 
Првите три селекции од секоја група продолжуваат во главната фаза каде се формираат две нови групи.
 
Распоред на натпреварите на Македонија:
 
Македонија - Јапонија (петок 15:30 часот)
Македонија - Бахреин (недела 14:00 часот)
Македонија - Хрватска (понеделник 18:00 часот)
Македонија - Шпанија (среда 20:30 часот)
Македонија - Исланд (четврток 18:00 часот)

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе