Лига на шампиони

Почнува новата сезона во Лигата на шампионите, Вардар го брани големиот трофеј

Со натпреварот меѓу Кокс и Савехоф денеска започнува новата сезона во ракометната Лига на шампиони во која Вардар го брани трофејот.

Вардар минатата сезона по втор пат седна на највисокиот европски ракометен трон, трофејот во Лигата на шампионите е многу тешко да се освои, но уште потешко да се одбрани. Македонскиот тим оваа сезона ја има таквата улога.
 
Лигата на шампионите почнува денеска со натпреварот меѓу Кокс и Савехов. Вардар својот прв меч го игра во сабота на гостински терен кај Монпелје, исто како и минатата сезона.
 
Вардар новата сезона ја почнува со нов тренер, Роберто Парондо е минато, Писонеро е сегашниот предводник на црвено-црните. Покрај тренерот има неколку нови ракометари, а од шампионскиот тим ќе недостасуваат пред се Карачиќ, Мораеш и Милосављев. Промени има, но целта секогаш е иста, највисок пласман во сите натпреварувања.
 
Оваа сезона на сцената на Лигата на шампионите ќе дебитира Еурофарм Работник. По повеќе години Металург нема да се најде во елитното натпреварување, а на негово место е битолскиот тим. 
 
Кандидатите за трофеј се истите клубови како и минатата сезона, покрај Вардар тука се Барселона, ПСЖ, Веспрем, Кјелце, може да се додаде и Кил кој полека се враќа на голема врата.
 
За разлика од минатата, натпреварите на македонските екипи во Лигата на шампионите ќе бидат пренесувани и на МТВ, па игрите на Вардар и Еурофарм Работник ќе може да ги видат сите љубители во нашата земја.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе