Египет ја оправда фаворитската улога против Чиле и дојде до очекуваниот триумф, момците на Парондо кој му ја донесе втората европска титула на Вардар, победникот го решија во првото полувреме.
Домаќините се одлепија уште на стартот кога поведоа со 8-3, потоа само го контролираа резултатот, на полувремето заминаа со предност од 18-11.
Во второто полувреме Египет дојде до највисоки девет разлика 25-16, но до крајот на мечот Чиле ја намали негативата и не дозволи дебакл. Конечниот резултат беше 35-29.
Во египетската репрезентација најефикасен беше Јехиа Елдера со шест голови, Акрам Јусури постигна пет, кај Чиле Салинас постинга осум голови.
Во оваа група е и репрезентацијата на Македонија, ние утре со почеток од 20:30 часот играме против Шведска.