СЕХА Ф4 БРЕСТ

Почна продажбата на влезници за мечот со Исланд

Ракометната федерација на Македонија ги пушти во продажба влезниците за дуелот од квалификациите за ЕП меѓу нашата репрезентација и Исланд.

Македонија на 14. април со почеток од 20 часот ќе го пречека Исланд во натпревар од квалификациите за ЕП 2020 година.
 
Од денеска преку продажната мрежа на МК Тикетс може да се купат билети за натпреварот.
 
Цените на влезниците се по 100 денари за горните трибини и 200 денари за долните.
 
Четири дена претходно, на 10 април Македонија игра против Исланд на гостински терен, во Рејкјавик.
 
Во нашата група во моментов Македонија е на второто место, зад Исланд, а пред Грција и Турција.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе