Поглавјето на Самсоненко заврши

Почна нова ера во Вардар, клубот има ново име и нов сопственик

Ерата на Самсоненко во ракометниот клуб Вардар заврши, Михајло Михајловски и официјално повторно го презема клубот, тој формираше ново раководство со кое треба да ги одржи високите амбиции на клубот.

Вардар на Самсонеко замина во историја, рускиот газда имаше исклучително успешно поглавје со црвено-црниот тим со кој два пати ја покори Европа, успех незамислив до пред три години.

Михајло Михајловски, човекот кој му го даде Вардар на Самсоненко сега повторно е прв човек на клубот. Од вчера тој и официјално пак е сопственик на европскиот шампион, пишува Фактор.

Регистрирано е ново друштво со име Вардар 1961 со цел клубот да почне одново, да не ги наследи долговите на Сергеј Самсоненко кој им даде ветување на ракометарите дека до крајот на годината ќе им исплати се што им должи.

Михајло Михајловски е регистриран како генерален менаџер на клубот, а претседател на Одборот на директори е Бојан Јанев, неизвршен член е Благоја Лазаревски, кои се членови и на УО на Државна Лотарија на Македонија.

Основната главнина на Вардар 1961 е 25.000 евра. Михајло Михајловски се заложи да најде компании кои ќе инвестираат во тимот и ќе се формира буџет за да се одржат високите амбициите.

И во периодот на трансформацијата новото раководство на клубот беше активно на трансфер пазарот, ги задржа клучните играчи кои се уште немаа договорено нов ангажман и донесе неколку нови засилувања. Дојдоа репрезентативците Филип Талески и Гоце Георгиевски, како и 21-годишниот Томислав Јагуриновски. Нови членови се и левиот бек Дмитри Санталов и францускиот голман Робин Кантегрел.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе