Тажен ден за македонскиот ракомет

Почина ракометниот тренер Андон Бошковски

На 47-годишна возраст почина познатиот македонски ракометен тренер, Андон Бошковски. 

Црн ден за македонскиот ракомет, ненадејно почина тренерот Андон Бошковски - Доне.
 
Бошковски поради повреда рано ја заврши играчката кариера, па од 2004 година стана тренер и водеше бројни клубови.
 
Металург, Вардар, Работнички, Младост Богданци, Еурофарм Работник, Струга, Голден Арт, Радовиш, Пролет, а имаше и интернационална кариера. Во Романија го водеше тимот на Рома, беше селектор на Грузија, а изминатата полусезона беше тренер на Вуштриа од Косово. 
 
Андон Бошковски почина неполни четири месеци по смртта на неговиот татко Лефтер Бошковски.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе