Тажна вест од Хрватска

Почина легендата на хрватскиот ракомет, Златко Сарачевиќ

Трагична вест од Хрватска, ненадејно почина легендата на хрватскиот и светски ракомет, Златко Сарачевиќ. 

На 60-годишна возраст почина Златко Сарачевиќ. Трагичниот настан се случил веднаш по завршувањето на мечот меѓу Подравка и Локомотива.
 
Откако завршил мечот, на излегување од салата на Сарачевиќ му се слошило, во блиизина била тренерката на голманте на Подравка, Барбара Станчин која веднаш викнала брза помош, лекарите пробувале да го реанимираат, но безуспешно.
 
Сарачевиќ во изминатите три години беше тренер на Подравка. Тој важи за еден од најдобрите хрватски ракометари на сите времиња. Негов најголем успех е златниот медал со Хрватска на Олимпијадата во Атланта во 1996 година.

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе