Тажна вест од Португалија, не издржа срцето на Кинтана

Почина голманот на Порто, Алфредо Кинтана

На 32-годишна возраст почина голманот на ракометниот клуб Порто, Алфредо Кинтана кој во понеделникот доби срцев удар. 

Тажна вест пристигнува од Португалија, не издржа срцето на Алфредо Кинтана, соиграчот на Никола Митревски денеска почина.
 
Алфредо Кинтана во понеделникот за време на тренинг доби срцев удар по што беше ставен во вештачка кома. Во изминатите денови докторите се бореа за неговиот живот, но не успеа да се спаси.
 
„Порака која никогаш не очекувавме дека ќе ја објавиме, нашиот драг Алфредо Кинтана денеска не напушти. Засекогаш ќе бидеш запаметен како еден од нас. Вистински змеј. Почивај во мир“, напиша Порто.
 
Кинтана важеше за голем голман, со успех бранеше и за Порто и за португалската репрезентација.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе