СЕХА лига

Победа која не го радува Пелистер, Нексе оди во четвртфинале

Пирова победа за Пелистер, битолскиот тим триумфираше над Нексе со 24:22, недоволно за пласман во четвртфиналето од СЕХА лигата и пресметка против Вардар. 

Пелистер не успеа да ја надополни негативата од гостувањето кај Нексе. Македонскиот тим во својот деби настап во СЕХА лигата завршува во осминафиналето.
 
Нексе подобро го почна натпреварот, неколку пати на почетокот имаше предност и од три разлика, но Пелистер се врати, направи пресврт и на одморот замина со позитива од 13:10.
 
Во вториот дел Пелистер имаше и највисоки четири голови предност, но следуваше пад во финишот од мечот. Нексе направи серија со која успеа да дојде и до израмнување. На крајот Битолчани победија со 24:22 но им беше потребен триумф од четири голови разлика.
 
Јотиќ со пет голови беше најефикасен кај Пелистер, по три реализираа Маџовски, Вегар и Остроушко, Митревски имаше осум одбрани. Кај Нексе најдобар беше Северец со пет голови, Кевиќ постигна четири, одличен беше и Морено Цар со 11 одбрани.
 
Пелистер со овој натпревар го завршува настапот во СЕХА лигата, а Нексе во четвртфиналето ќе игра против Вардар кој директно се пласираше таму.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе