Македонските ракометари одиграа храбро, борбено против силниот противник, но направивме многу грешки кои на крајот нè чинеа пораз од Словенија.
Словенците влегоа како голем фаворит, но нашата репрезентација иако без капитенот Кире Лазаров кој се повреди пред мечот, покажа дека има сериозен потенцијал и може да се носи со најквалитетните селекции.
Македонија имаше одличен старт на мечот, поведовме со 3-0, имавме и 4-1 кога следуваше црна дупка. Словенија направи серија од 6-0 и поведе со 7-4.
Но таквата серија не нè обесхрабри, избраниците на Кире Лазаров се вратија во мечот, израмнивме на 8-8, се играше гол за гол се до финишот на првото полувреме кога Словенија со серија од 3-0 се одлепи и на одморот замина со предност од 13-10.
Големата битка продолжи во второто полувреме, Словенија на почетокот се одлепи на пет разлика, но повторно се вративме, неколкупати дојдовме на -1, но не успеавме да го свртиме мечот, на крајот загубивме со 25-27.
Впечатокот е дека сè ќе беше поинаку доколку имавме помалку грешки, можевме да дојдеме и до голема победа, но македонските ракометари одиграа храбро и борбено, а тоа може да радува.
Овој пораз може да значи крај на настапот на Европското првенство во групната фаза, тешко е да се очекува победа над Данска, но ќе се надеваме додека имаме шанси.
Мартин Томовски имаше фантастичен меч со 14 интервенции, одличен беше и Цветан Кузмановски кој постигна 8 голови, Филип Кузмановски постигна пет. Кај Словенија Доленец даде пет гола, пред Благотиншек со четири
Следниот натпревар на Македонија е против Црна Гора во сабота со почеток од 18 часот.