Писонеро веќе не е дел од Вардар, се врати во Ваљадолид

И официјално заврши неславната авантура на Давид Писонеро во Вардар, тој се врати на кормилото на Ваљадолид. 

За разлика од Раул Гонзалез и Роберто Парондо, работата на Давид Писонеро во Вардар помина неславно. Третиот Шпанец не му донесе ништо на нашиот тим, можеби не доби ни вистинска шанса од раководството на клубот кое по првиот пораз го разреши од позицијата главен тренер.
 
Писонеро беше уште под договор со Вардар и беше прекомандуван во помошник, тоа траеше до крајот на годината, но сега договорот меѓу двете страни е раскинат.
 
Писонеро се врати во Ваљадолид каде што денеска и официјално беше промовиран во нов тренер.
 
Вардар оваа година ќе го води Стевче Алушевски кој на 31. декември беше промовиран за нов кормилар на тимот.
 

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе