Утре Вардар ја почнува одбраната на трофејот во СЕХА лигата

Писонеро: Вардар на секој меч ќе оди на победа, без разлика дали играме во СЕХА или ЛШ

Новиот тренер на Вардар, Давид Писонеро е среќен што почнуваат официјалните натпревари, се надева дека тимот ќе напредува во текот на сезоната, а амбициите се победа на секој нареден меч.

Вардар утре ја почнува новата сезона од СЕХА лигата, противник е тимот на Пекинг кој е непознат, но јасно е дека Вардарци се огромен фаворит.
 
„Среќен сум што почнува сезоната. Пред нас имаме важен натпревар, играме против Пекинг, прв официјален меч ако го исклучиме Супер Глоуб. Потребни ни се квалитетни натпревари за да напредуваме, не го знам тимот на Пекинг, но среќен сум што почнуваме со официјални натпревари. Важно е за нас да почнеме во еден добар ритам и како одминува времето се надевам дека ќе бидеме се подобри и подобри“, вели Писонеро.
 
„Не сум задоволен од она што го видов на Супер глоуб, бидејќи сакам да победуваме. Иако се работи за Супер глоуб, и тоа го сметам за дел од подготовките, сега доаѓаат официјалните мечеви и ќе имаме повеќе увид во формата. Ќе имаме подобра слика и ќе знаеме кои делови ќе треба да ги подобруваме“.
 
„Важно е што се врати Калараш бидејќи ќе ја имаме истата одбрана како и минатата сезона. Можеби имаме уште тројца пивоти во тимот, но сезоната е долга, можни се и повреди како што има сега Столов, па ќе сметам на сите нив“.
 
„Целта на овој тим е да победуваме на секој натпревар. Секако Лигата на шампионите е поважно натпреварување од СЕХА лигата, но на секој меч одиме на победа без разлика со кој и каде играме, нема важен и неважен натпревар. Секогаш следниот е најважен“.
 
На прес конференцијата беше и Данил Шишкарев кој вели дека Вардарци се подготвени за новата сезона.
 
„Спремни сме за новата сезона и едвај чекаме да ја почнеме сезоната во СЕХА лигата, доста веќе тренираме. Не го знаеме противникот, но нивното вклучување е добра вест за СЕХА лигата бидејќи ќе се гледа и во Кина, популарноста ќе се шири и на други континенти. Овие натпревари се и подготовки за новата сезона во Лигата на шампионите“, вели Шишкарев.
 
„Иако си заминаа повеќе играчи, мислам дека и оваа сезона ќе бидеме на високо ниво. Задоволен сум од тоа што го имаме. Ја имаме истата одбрана како и лани, а тоа е многу важно“.
 

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе