РК Вардар

Писонеро: Уморни сме, но одиме на нова победа

Вардарци вечерва имаат нов натпревар, му гостуваат на Татран Прешов во рамките од СЕХА лигата.

Во пресрет на вечерашниот натпревар, тренерот на Вардар, Давид Писонеро вели дека не им е едноставно да играат со толку патувања и густ распоред, но секогаш ќе одат на победа.
 
„Немавме многу време да се подготвивме за мечот поради гостувањето кое го имавме во Запорожје, но секогаш одиме на победа, па така ќе биде и вечерва против Татран“, вели Давид Писонеро.
 
„Ракометарите се уморни од патувањата и големиот број на натпревари, но наша одговорност е да се бориме за победа“.
 
Натпреварот меѓу Татран Прешов и Вардар се игра вечерва од 20:45 часот.
 

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе