РК Вардар

Писонеро: Тоа што Раул и Парондо беа тренери на Вардар е предност за мене, не притисок

Новиот тренер на Вардар, Давид Писонеро вели дека негова цел е да го одржи нивото на тимот, да подобри некои аспекти од играта и повторно да се бори за трофејот во Лигата на шампионите.

Вардар и во наредната сезона ќе има Шпанец тренер, по Раул Гонзалес и Роберто Парондо, доаѓа Давид Писонеро.
 
Во интервју за официјалниот сајт на ЕХФ, тој зборува за новиот предизвик и честа да биде тренер на актуелниот европски шампион.
 
„Навистина сум задоволен од работата која ја извршив во Ваљадолид. Земајќи го во предвид нашиот буџет можам да кажам дека направивме дoбра работа со еволуцијата на тимот и на колективно и на индивидуално ниво. Трансферот во победникот во Лигата на шампионите е голем момент за мене и мојата кариера и навистина сум среќен, горд и чувствувам одговорност“, вели Писонеро.
 
„Без сомнение, настрана од квалитетот на играта кој Вардар го демонстрираше сезонава, нивната најголема страна е тимскиот дух и пасијата со која играа од почетокот до крајот. Среќен сум што одам во таков тим и се надевам дека ќе ги доживеам истите емоции“.
 
„Една работа можам да подвлечам кога се работи за шпанските тренери, а тоа е напорна работа и многу карактеристичен начин на гледање на ракометот. Тоа што ги наследувам Гонзалес и Парондо не ми носи дополнителен притисок, напротив, би сакал да ја извлечам предноста од работата на моите двајца колеги кои ја направија со овој тим. Се надевам дека од тоа ќе излезе еден нов мој тим кој ќе има шанса повторно да се бори за трофејот“.
 
„Со оглед на тоа што доаѓам во актуелниот европски шампион, тоа значи дека главната цел е да го задржиме тимот на исто ниво и да се обидеме да го повториме успехот од оваа година, се разбира и да подобриме некои аспекти на играта“.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе