СЕХА лига

Писонеро: Распоредот е густ, против Нексе шанса ќе добијат и помладите

Тренерот на Вардар, Давид Писонеро вели дека Нексе е меч во кој ќе може да им даде поголема минутажа на оние кои не играа против Порто.

Вардар вчера го победи Порто во меч од Лигата на шампионите, а веќе утре има натпревар од СЕХА лигата, во Скопје доаѓа тимот на Нексе.
 
Во зависност од резултатот на натпреварот, шанса ќе добиваат играчите кои не играа против Порто, со цел да се освежи тимот, да се одморат оние кои се исцрпија на претходниот меч, а помладите ракометари да се стекнуваат со искуство.
 
„Пред нас е натпреварот со Нексе, за нас победата е секогаш најважна и тоа е приоритет, меѓутоа за разлика од мечот со Порто кој беше тежок, овој пат сакам да играат колку што е можно повеќе играчи и ќе се обидеме да им дадеме шанса на повеќе ракометари, бидејќи на вакви натпревари и помладите може да добијат шанса. Но се ќе зависи од тоа како ќе се одвива резултатот“, вели Писонеро.
 
Тимур Дибиров вели дека Нексе традиционално е незгоден противник за Вардар, па и покрај тоа што оваа сезона е послаб „црвено-црните“ може да имаат тежок натпревар.
 
„Нексе е многу незгодна екипа, но стартните порази во сезоната се одраз на тоа што загубија неколку клучни играчи кои си заминаа од тимот. Тоа е екипа која сигурно ќе ги подобрува игрите како што ќе одминува времето, но потребно е трпение. Тие секогаш биле незгоден противник за нас, бидејќи практикуваат ракомет кој може да биде проблематичен за некои екипи. Тие сигурно ќе дојдат тука мотивирани, сакаат да се рехабилитираат за првите порази кои ги имаа. Како што кажа тренерот ќе добијат повеќе ракометари шанса, бидејќи тоа мора да се случува кога имаш густ и тежок распоред со цел екипата секогаш да биде во добра кондиција“, вели Дибиров.

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе

На 2 јуни во Црна Гора беше прогласен крај на епидемијата. Од првиот бран, земјата излезе со следниот биланс: 324 заразени и 9 починати лица.

повеќе