Тренерот на Вардар разочаран од резултатот но горд на публиката

Писонеро: Првите 30 минути беа ужасни, никогаш не сум видел полувреме со четири гола!

Тренерот на Вардар, Давид Писонеро вели дека неговите избраници одиграле ужасно во првите 30 минути, но е горд на начинот на кој одговориле во продолжението од мечот, а имаше пофалби и за публиката.

Вардар го загуби големото дерби со Кил. Шампионот на Македонија и Европа одигра катастрофално во првото полувреме, првиот гол беше постигнат од пенал дури во 10. минута, а потоа се чекаше уште десет минути за вториот гол. На пауза „црвено-црните“ заминаа со само скромни четири гола. 

Во прдолжението од мечот, Вардар заигра далеку подобро, во еден момент стигна и до шест негатива, но Кил е преискусна екипа за да прокоцка двоцифрена предност и на крајот убедливо славеше со 20-31. 

„Ова е тежок резултат. Имавме многу проблеми во првиот дел, никогаш не сум видел полувреме со четири гола. Првото полувреме беше ужасно. Во вториот дел игравме далеку подобро, но не не успеавме да направиме ништо повеќе поради првото полувреме“ - вели тренерот Давид Писонеро. 

„Горд сум на играчите што најдоа сили да се вратат во игра, а горд сум и на публиката, која беше фантастична и остана со нас до самиот крај и покрај болниот резултат. Атмосферата беше неверојатна, па им благодарам на навивачите“. 

„Мора да останеме обединети и да продолжиме понатаму на следниот натпревар, ова е само еден пораз“.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе