Лига на шампиони

Писонеро: Порто е една од најдобрите екипи кои играат „седум на шест“

Во недела Вардар го игра првиот домашен натпревар од Лигата на шампионите оваа сезона, по триумфот кај Монпелје, на ред е Порто.

Вардар ќе биде голем фаворит, но Порто знае да биде незгоден поради тактиката која ја игра, „седум на шест“. Тренерот на Вардар, Писонеро очекува тежок и несекојдневен меч.
 
„Мислам дека ова ќе биде тежок и важен меч за нас. Во првото коло го совладавме Монпелје, освоивме два важни бода, но ако не победиме во недела, тие нема да значат ништо. Екипата на Порто е една од најдобрите екипи во светот кога игра 7 на шест, така што ќе видиме како ќе се справиме со тоа. Ќе биде тежок натпревар и тој стил на игра сигурно ќе биде несекојдневен за нас, бидејќи не играме против такви екипи“, вели Писонеро.
 
Вардар и Порто играат во недела во салата „Јане Сандански“ со почеток од 17 часот.
 

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе