Хрватската ракометарка уживала во Македонија

Пенезиќ: Во Вардар ги поминав најубавите години во мојата кариера

Хрватската ракометарка, Андреа Пенезиќ вели дека во дресот на Вардар ги доживеала најубавите моменти во кариерата, само жали што таа генерација на црвено-црните ракометарки не дојде до трофејот од Лигата на шампионите. 

Андреа Пенезиќ со Вардар два пати дојде на чекор до трофејот во Лигата на шампионите, но македонскиот тим доживеа два несреќни порази во продолжението од финалето. Пенезиќ жали што таа генерација на Вардар не го крена големиот европски трофеј, но вели дека најубавиот дел од кариерата го доживеала токму во Македонија.
 
„Нема полошо од тоа да загубите финале. Мене тоа ми се случи два пати и тоа на каков начин. Во двата случаи загубивме во продолженијата, тоа е страшен емотивен удар. Најпозитивна работа дефинитивно е тој цел Вардар кој се случи, тоа ми беа најубавите четири години во кариерата. Се чувствував многу почитувана, ценета, луѓето на улица ни приоѓаа, секој ден уживав во Македонија. Жал ми е само за тие два порази во Лигата на шампионите, мислам дека таа генерација на Вардар заслужи да биде шампион, но во спортот секогаш треба и среќа, а ние ја немавме“, вели Пенезиќ во интервју за хрватскиот „Спорт Клуб“.
 
Пенезиќ во Вардар го доживеала и најстрашниот момент во нејзиниот живот досега. Таа се потсетува на проблематичното слетување на Вардарки во Љубљана.
 
„Никогаш нема да заборавам кога летавме со Вардар во Љубљана и кога дојде до турбуленции за време на летот. Дуваше многу силен ветер, не фрлаше на сите страни, саат време кружевме во воздух. Тоа веројатно ми беше најстрашниот момент во животот. Кога почна, сите се смеевме и се шалевме, а на крајот сите завршивме во солзи и страв за својот живот“.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе