Сериозно засилување за Битолчани

Пелистер се засили со Александар Станојевиќ (ВИДЕО)

Ракометниот клуб Пелистер денеска потпиша со искусниот српски ракометар, Александар Станојевиќ кој треба да биде значајно засилување за преостанатиот дел од сезоната.

Александар Станојевиќ денеска стави потпис на договор со РК Пелистер.
 
Тој е српски интернационалец кој во 2005 година беше вицешампион на светот со тогашната младинска репрезентација на Србија и Црна Гора предводена од Веселин Вујовиќ.
 
Во својата кариера има настапувано за Партизан, Металург, Балинген, Гумберсбах, Вецлар, Горење, ПСЖ и Раднички Крагујевац. Има настапувано и во екипи од Катар, Саудиска Арабија и Турција.
 
Тој веќе бил во Битола, пред десет години како ракометар на Металург. Веќе од утре ќе почне да го носи зелено-белиот дрес, за кога е закажана пријателската средба со РК Струга. Мечот почнува од 18:30 часот.
 
 
 
 
View this post on Instagram

Александар Станојевиќ денес го официјализираше потписот за Пелистер . По краток разглед на богата историја на клубот рече дека е имперсиониран од тоа кој се играл за "зелено-белите" како и бројните трофеи кои ги освоил Пелистер - изјави Александар Станојевиќ. За останато нема многу да ветува и разговара што се' да очекуваме од искусниот бек се што има и знае ќе покаже на теренот. Станојевиќ веќе неколку дена е во Битола и не доаѓа прв пат во градот на конзулите ова му е трет пат но прв за подолг период и како играч на Пелистер. Најпрвиот бил пред 10 години кога како соиграч во скопски Металург гостувале во Битола заедно со Реваз Чантурија а денес повторно соиграчи но овој пат за битолски Пелистер. Првата контрола Пелистер ја има утре од 18:30 часот а за противник е екипата на РК Струга.

A post shared by Pelister Handball Club Bitola (@rkpelister) onFeb 12, 2019 at 5:16am PST

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе