Сега фокусот ќе биде само на ракометот

Патешествието заврши, ракометарите на Вардар пристигнаа во Келн (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар конечно пристигнаа во Келн, патуваа подолго отколку што очекуваа и поразлично од планираното но сега се во својата база и веќе можат да размислуваат само на предизвиците кои се пред нив.

Од Скопје до Виена со авион, а таму откажан летот за Келн. Па ракометарите летнаа за Дизелдорф откаде со автобус се упатија до Келн. Вечерва пристигнаа во нивната база, неколку часа подоцна од предвиденото, но патешествието заврши.
 
Сега фокусот може да биде само на ракометот и на првиот дуел против Барселона кој се игра во сабота со почеток од 18 часот.

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе