Тренерот на ПИК Сегед жали за големиот пораз

Пастор: Многу изгубивме, ќе се подготвиме добро за реваншот

Тренерот на ПИК Сегед, Хуан Карлос Пастор жали за загубениот меч во Скопје, но признава дека Вардар беше подобар противник и заслужено се радува на голем триумф.

ПИК Сегед со големи амбиции дојде во Скопје, но со пораз од осум голови разлика си заминува во Унгарија. Тие во реваншот ќе имаат невозможна мисија и ќе се надеваат на чудо, но Вардар е многу поблиску до нив на патот кон Келн.
 
„Честитки за Вардар, за играта и победата. Беа силни, беа добри во дуелите, играа со голем интензитет. Ние имавме многу проблеми во средината на одбраната. Во второто полувреме имавме добра шанса да се вратиме, но не успеавме. Најлоши бевме во финишот“, вели тренерот на ПИК Сегед, Пастор.
 
„Разликата од осум голови е голема за пласман во вториот круг, но ќе се подготвуваме, ќе гледаме видео, ќе анализираме и ќе се обидеме да го добиеме мечот во Сегед. Ќе биде тешко, но ова е спорт, се е можно, јас верувам во својот тим. Уште еднаш ќе кажам, Вардар беше подобар вечерва и заслужено победи“.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе