Романија остана и без светско и без селектор

Пасквал си поднесе оставка по поразот од Македонија

Романија остана без пласман на Светското првенство, но и без селектор, славниот шпански стратег, Чави Пасквал се повлече од функцијата по поразот од Македонија.

Романија се надеваше на пласман на Мундијалот и покрај тоа што Македонија важеше за голем фаворит во оваа пресметка. Но, и покрај тоа шпанскиот стратег си даде оставка откако не успеа да ја исполни желбата на Романците.
 
„Нема да можам повеќе да имам обврски и во репрезентација и во клуб. Им благодарам на играчите и на сите вклучено во репрезентацијата. Можеби не ги остваривме резултатите кои ги очекувавме, но оваа земја е горда на своите ракометари. Благодарност до сите Романци, направивте да се чувствувам горд како Романец. Тешко ми е, но се повлекувам, а луѓето од федерацијата знаат дека секогаш можат да сметаат на моја помош“, изјави Пасквал по натпреварот.
 
Во наредната сезона тој ќе биде тренер само на Барселона, не се очекува да предводи друга репрезентација.
 

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе

Придобивките од дрвјата за урбаниот екосистем и квалитет на воздухот можат да се зголемат со систематско планирање на зелениот простор. Дизајнирањето на зелените простори во градовите треба да ја опфати и функцијата за чистење на воздухот.

повеќе