СП 2021

Парондо: Среќен сум што Македонија ќе игра на Светското првенство

Роберто Парондо како селектор на египетската репрезентација ќе се соочи со Македонија на Светското првенство, земјата од која вели дека има прекрасни спомени. 

Роберто Парондо го предводеше Вардар до втората титула во Лигата на шампионите, а работеше и како помошник на Раул Гонзалез во македонската репрезентација.
 
Сега тој е селектор на Египет, стартуваше со победа над Чиле, а вториот меч му е токму против Македонија.
 
„Сакам да и честитам на Македонија што се приклучи на овој турнир, но во исто време ми е жал што Чешка мораше да откаже. Ситуацијата е проблематична и за нас бидејќи како тренер се подготвуваме за Чешка долго време, а сега имаме кратко време да се подготвуваме за Македонија. Сепак среќен сум за Македонија, имам прекрасни спомени од таму“, изјави Парондо
 
Натпреварот меѓу Египет и Македонија се игра во сабота со почеток од 18 часот.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе