РК Вардар

Парондо: Се изненадив кога Сергеј ми понуди да бидам тренер на Вардар, но без размислување прифатив

Роберто Гарсија Парондо ја одработува првата своја сезона како самостоен тренер на машки ракометен тим, судбината сакаше исто како и Раул Гонзалез тој да ја стартува тренерската кариера со Вардар. 

Вардар во новата сезона тргна со значително променет тим и без „мозокот“ на успесите, Раул Гонзалез. Роберто Парондо ја доби честа да го води тимот и ги надмина очекувањата на стартот. Во првиот дел од сезоната Вардар е прв во СЕХА лигата и втор во својата група од Лигата на шампионите.
 
„Бев  изненнаден. Знаевме дека Раул си заминува од тимот уште во ноември и многу имиња се спомнуваа како негова замена, но кога Сергеј ми ја понуди позицијата за мене беше големо изненадување. Не ми требаше време да размислувам за понудата, зашто ако некој те праша дали сакаш да бидеш тренер на Вардар прифаќаш. За мене беше лесно да кажам ДА. А потоа, кога работите се договорија, размислуваш за тоа како ќе работиш и како ќе се организираш“, вели Парондо во интервју за официјалниот сајт на Вардар.
 
На стартот од сезоната ЕХФ не го рангираше Вардар ниту меѓу најдобрите десет тимови, но по импресивниот старт македонскиот шампион влезе и во прогнозите за настап на фајнл-фор турнирот.
 
„Најважно е да се размислува меч за меч и така да се подготвуваме, да не мислиме што ќе биде во мај или јуни. Имавме проблеми со повреди и секао дека и тоа имаше влијание. Пред почетокот на сезоната при рангирањето на тимовите Вардар го немаше на листата, а играчите за тоа зборуваат и сакаа да покажат дека тоа е грешка. Така и беше имавме одличен почеток на сезоната“.
 
„Најтешко оваа година ми беше да ја подготвиме одбраната. Неколумина играчи што дотогаш играа одбрана си заминаа, а новите што дојдоа не играле на тие места. Затоа требаше да се усогласат сите работи, да се најде место за секој играч. Сакавме сите да бидат подготвени што е можно побрзо и подобро. И мислам дека добро успеавме иако нормално секогаш треба да се работи“.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе