Рецептот по кој Вардар направи чудо

Парондо откри како ги мотивирал ракометарите на Вардар на полувремето

Вардар го направи неверојатното, од седум гола негатива се врати и ја победи големата Барселона, која го има најсилниот тим на турнирот.

Речиси никој не веруваше во чудо, но тоа се случи. Вардар губеше со седум разлика, и тоа против страшен тим каков што е Барселона, но црвено-црните победија.
 
Роберто Парондо по мечот откри како ги советувал своите ракометари на полувремето.
 
„Губевме со седум гола по првото полувреме, но на играчите им реков кога ќе излезат на теренот, да играат како ние да водиме со два разлика. Тие веруваа во успех и на крајот го направивме тоа. Беше неверојатно“, изјави Парондо по мечот.
 
„Горд сум со моите ракометари, ја победивме Барселона, која го има најдобриот тим на турнирот, и утре ќе играме во финалето“.

Ристе Ѓорѓиевски,
специјално од Келн за МКД
 

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе