Парондо се реши да одмори дел од своите најдобри играчи, па така покрај повредените не настапија и Стоилов, Дибиров и Гебдане. Покрај тоа експериментираше и на теренот, но на крајот за негова среќа се се заврши добро.
Тренерот на Вардар ја превзема одговорноста за лошата игра, но вели дека најважно е што победиле.
„Најважно е што победивме и ги освоивме двата бода. Не одигравме најдобро и тоа е моја вина. Се обидов да ги одморам и да ги освежам играчите по мечевите од Лигата на шампионите, имавме напорен период“, изјави Парондо.