Тренерот на Вардар откри колку е длабока кризата

Парондо: Како да не бидам горд, 9 месеци немаме земено плата, а се пласиравме во Келн

Роберто Парондо откри колку е длабока кризата во Вардар откако по мечот изјави дека девет месеци ракометарите не зеле плата.

Вардар се соочува со многу проблеми оваа сезона, но се издигна над сите нив и трета година по ред се пласира на завршниот турнир во Келн.
 
„Како да не бидам горд со овие ракометари, девет месеци играат без плата. Цела сезона имаме повреди, едниот лев бек ни замина од финансиски причини, другиот се повреди. Едниот од голманите ни брани повреден...“, отворено кажа Парондо.
 
Тој на прес-конференцијата имаше и дуел со тренерот на ПИК Сегед, Пастор, кој го обвини Парондо дека не покажал достоинство во победата. Откако кажа што мисли за Парондо, ја напушти прес-конференцијата без да го слушне човекот што го нападна.
 
Парондо му рече на Пастор да остане, но тој замина.
 
Не му реков ништо лошо. Тргнав да ги раздвојам играчите, а тој на шпански ми кажа збор што не е за кажување. Кога заврши мечот, отидов кон него да си честитаме, и пак се случи истото. Играв три години за ПИК Сегед и имам убави спомени тука. Пастор ми беше тренер и ниту еднаш не сум му кажал лош збор. А тој вака ми враќа. Но што се случуваше на теренот нека остане таму“, изјави Парондо.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе