Лига на шампиони

Парондо: Горд сум на овие момци, одигравме перфектно!

Тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо не го криеше задоволството по убедливата победа на гостувањето кај ППД Загреб, стратегот им се заблагодари на своите избраници за тоа што одработиле перфектно.

Шампионот на Македонија имаше брилијантна партија на гостувањето во Хрватска и славеше со високи 18-27. Вардар со едната нога веќе е во четвртфинале во Лигата на шампионите, па сосема очекувано, Роберто Гарсија Парондо не го криеше задоволството.

„Нема што друго да кажам освен тоа дека им благодарам на играчите. Многу сум горд на нив. Одиграа одличен натпревар и го завршивме поголемиот дел од задачата. Знаевме што ќе не очекува во Загреб па добро се подготвивме, работевме максимално на тренинзите. Се што договоривме, момците го одиграа перфектно и затоа на крајот стигнавме до овој резултат“ – вели тренерот на Вардар

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе