По големиот успех со Вардар

Парондо е номиниран за најдобар тренер на годината

Поранешниот тренер на Вардар, Роберто Гарсија Парондо е номиниран за најдобар тренер во светот за 2019 година од страна на Интернационалната ракометна федерација (ИХФ). 

Успехот со Вардар во Лигата на шампионите на Парондо му донесе номинација за најдобар ракометен тренер во светот.
 
И покрај проблемите на Вардар, Парондо направи неверојатен подвиг и дојде до триумфот во Келн. Потоа си замина и сега е селектор на египетската ракометна репрезентација.
 
Конкуренција на Парондо за титулата најдобар тренер се Николај Јакобсен (Данска, Рајн Некар), Кристијан Берге (Норвешка), Маик Мачула (Фленсбург) и Дидие Динар (Франција).
 
Во трката за најдобар ракометар е поранешниот Вардарец, Лука Циндриќ, покрај него се уште Микел Хансен, Сандер Сагосен, Никлас Ландин и Расмус Лауге Шмид. 
 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе