Ракометарите во посета на првославниот храм во Загреб, „Света Злата Мегленска“

Отец Пимен до ракометарите: Вие денеска сте наши апостоли

Еднодневната пауза македонските херои ја искористија да го посетат првославниот храм во Загреб, „Света Злата Мегленска“, да запалат свеќа и да се помолат за успех.

По синоќешната голема победа над Словенија, македонските ракометари денеска, на христијанскиот празник Василица, ја посетија македонската првославна црква во Загреб, „Света Злата Мегленска“ каде што отец Пимен одржа литургија и им посака среќа.
 
„Денеска вие сте наши апостоли, нашата најголема светлост. Вчера направивте чудо, со натчовечки напори не израдувавте. Како што Кире ве водеше вчера, така да ве води и низ целото првенство. Во Загреб доаѓале многу државници, бизнисмени но не дошле во оваа црква, а вие и покрај големите обврски кои ги имате одвоивте време да дојдете“, им порача отец Пимен на ракометарите.
 
Ристе Ѓорѓиевски,
специјално од Загреб за МКД

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе

Сознанијата за степенот на местенки во судството неминовно го наметнува прашањето дали има местенки и во високото образование.

повеќе

Посебно на Балканот не може да се зборува за чисто етничко-конфесионални, етничко културни или строго етнички омеѓени заедници.

повеќе